Володомир Зеленски / Фото: Profimedia

Зеленски: Заемот од ЕУ ќе ја зајакне нашата војска и ќе нè направи поотпорни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ја поздрави конечната потврда од страна на Европската Унија за заем од 90 милијарди евра за неговата земја, пренесе „Гардијан“.

Кредитот ќе ја зајакне нашата војска, ќе ја направи Украина поотпорна и ќе ни овозможи да ги исполниме нашите социјални обврски кон Украинците“, рече тој во објава на социјалните мрежи.

„Важно е Украина да го добие ова ниво на финансиска сигурност по повеќе од четири години целосна војна“, додаде тој.

Во порака објавена на социјалната мрежа X, министерот за енергетика Денис Шмихал се заблагодари и нагласи дека кредитот ќе придонесе за енергетската безбедност на земјата и изрази желба првите исплати да се извршат веќе во мај.

„Овие средства ќе ни помогнат да го одржиме енергетскиот систем, да ја заштитиме критичната инфраструктура и да ја забрзаме реконструкцијата“, рече тој.

Инаку, енергетскиот систем на Украина беше цел на чести руски напади оваа зима, каде беа оштетени бројни објекти и оставајќи стотици илјади домаќинства во темница и студ.

„Сметаме на брза имплементација на заемот и средствата за да можат исплатите да започнат да се реализираат во Украина уште во мај. Навремената поддршка е од суштинско значење за одржување на отпорноста на нашиот енергетски систем“, рече министерот.

Европската Унија денес конечно одобри заем од 90 милијарди евра за Украина, како и нови санкции против Русија, откако Унгарија го укина ветото. Две третини од заемот од 90 милијарди евра, или 60 милијарди евра, се наменети за воена помош, а 30 милијарди евра за поддршка на украинскиот буџет за да се обезбеди континуирано функционирање на државата и основните јавни услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот