Зеленски предупредува дека отстапките нема да ја убедат Русија да ја запре војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата објава на Икс ја презентираше оценката за изминатата недела на фронтот, обвинувајќи ја Русија за ескалација на нападите и повторувајќи дека мирот може да се постигне само преку сила.
Препорачано
Украинскиот претседател рече дека и оваа недела завршила без никаков обид од страна на Русија да одговори на бројните барања на меѓународната заедница за прекин на убиствата. Како што рече, само во последните 24 часа на фронтот се регистрирани 137 вооружени судири, слика што се повторува секојдневно.
Во исто време, тој истакна дека украинските сили преземаат активни мерки, бранејќи ги своите позиции и бележат резултати дури и во најтешките точки од конфликтите.
„Ги држиме нашите позиции и правиме сè за да го уништиме или протераме окупаторот“, нагласи тој.
Според украинскиот претседател, во последната недела Русија употребила повеќе од илјада воздушни бомби и речиси 1.400 дронови против Украина, додека ракетните напади продолжуваат. Како што рече, неговата земја ги брани животите на цивилите и ја зајакнува својата воздушна одбрана, истакнувајќи дека дипломатскиот притисок мора да биде соодветен на реалната ситуација во војната.
Another week has ended without any attempt by Russia to agree to the numerous demands of the world and stop the killings. In just the past 24 hours on the front, there have been 137 combat engagements, and this is the case every day. The Russian army is not reducing its pressure.… pic.twitter.com/FcpEOTiIXW
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 11, 2025
Зеленски ја обвини Москва дека се обидува да го продолжи конфликтот, тврдејќи дека тоа ја оправдува потребата од посилен глобален притисок.
„Русија одбива да ги запре убиствата и не треба да добива никакви награди или бенефиции. Концесиите не го убедуваат убиецот, навистина силната заштита на животот ги запира убијците“, рече тој.
На крајот, тој им се заблагодари на сите што придонесуваат за силата на Украина и го приближуваат „вистинскиот мир – мир преку сила“, нагласувајќи дека ова е единствениот начин да се постигне договор со Русија.


