Рустем Умеров, нов министер за одбрана на Украина - Извор/ Фејсбук

Зеленски го назначи Умеров за секретар на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес го назначи поранешниот министер за одбрана, Рустем Умеров, за секретар на Советот за национална безбедност и одбрана.

Улогата на Советот е да координира во прашањата за националната безбедност и одбрана и го сочинуваат највисоките политички, безбедносни и одбранбени шефови на земјата, објавува Ројтерс.

Умеров ја држеше функцијата министер за одбрана до реконструкцијата на украинската влада, а беше заменет од поранешниот премиер на таа земја, Денис Шмихаљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот