Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Зеленски бара реакција: Русија со смртоносен напад врз Киев, 15 убиени и 131 повредени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека 15 лица, меѓу кои и еден американски државјанин, се убиени, а 131 повредени во рускиот напад што се случи ноќта помеѓу понеделник и вторник.

„Само во Киев се регистрирани околу 30 места каде што се случиле ракетни напади или каде што летале ракетни остатоци. Само во Киев се оштетени речиси 150 станбени згради. Во моментов е познато дека 131 лице е повредено, а 15 лица се убиени. Меѓу загинатите е и еден американски државјанин“, рече Зеленски на Телеграм.

Како што објави Укринформ, Русија лансирала повеќе од 440 беспилотни летала и 32 ракети во Украина прексиноќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот