Зеленски: Американската помош испраќа порака дека ќе нема „втор Авганистан“

Според него, одобрувањето на помошта ќе испрати силна порака до Кремљ дека САД стојат зад Украина и на тој начин Киев има шанса да победи

Американската помош за Украина ќе испрати порака дека нема да има „втор Авганистан“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за програмата „Запознајте го печатот“ на американскиот телевизиски канал Ен Би Си.

– Неопходен е процес на обезбедување на оваа помош за да стигне до својата конечна точка, и по Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да биде одобрена од Сенатот- додаде Зеленски.

Според него, одобрувањето на помошта ќе испрати силна порака до Кремљ дека САД стојат зад Украина и на тој начин Киев има шанса да победи.

Запрашан за изгледите за руска офанзива, украинскиот претседател рече дека неговата земја се подготвува за тоа. Тој нагласи дека на вооружените сили на Украина им требаат оружја со долг дострел и системи за противвоздушна одбрана за да не губат луѓе на фронтот.

Долниот дом на американскиот Конгрес синоќа го одобри законот за воена помош на Украина, вреден 61 милијарда долари. Останува законот да биде одобрен и од Сенатот, а претседателот Џо Бајден да го потпише, по што тој ќе стапи во сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот