Зекири останува во притвор, судот му ја одби жалбата

Мухамед Зеќири во Кривичниот суд / Фото: МИА

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, кој е обвинет за финансиски малверзации, одлучи Судот.

Во соопштението од Кривичниот суд се наведува дека по денешната јавна седница по жалбата во присуство на странките, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција го потврди решението на претходна постапка со измени во основите кои постојат за определување на мерката притвор

„Односно, советот го преиначи решението на претходна постапка на начин што ја укина точна 3 од чл. 165 ст.1, односно можност обвинетиот да го повтори делото“,се вели во соопштението.

Според Обвинителството, Зекири е обвинет дека во периодот од април 2021 до јануари 2022, со искористување на својата службена положба генерален секретар на Владата, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале други двајца осомничени, хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за консултантската куќа од Хрватска прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 940.000 евра на штета на Буџетот на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот