Здравко Чолиќ познатиот хит „Ноч ми те дугује“ ѝ го посветил на глумицата Јасна: Секогаш дел од моето срце ќе биде резервиран за него

Facebook

Сараевската глумицата Јасна Орнела Бери и Здравко Чолиќ во младоста во Сараево се вљубиле еден во друг, а глумицата во едно интервју откри детали од нивниот однос.

Facebook
Facebook

„Се запознавме одамна, кога бевме многу млади. Одевме на Скендерија, во Домот на младите, во кој се собираа таленти, и таму немаше само музичари, туку и глумци, сликари. Се дружевме и тука првпат се вљубив“, раскажа Јасна.

Facebook

Исто така таа вели дека Чолиќ ѝ ја посветил песната „Ноч ми те дугује“.

Instagram

– Секогаш дел од моето срце ќе биде резервиран за него. Првпат по војната се сретнавме во Белград. Тоа е беше трогателна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и својата харизма успешно ја одржува и денес. Пред сè е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноч ми те дугује“, која сам ја напиша – откри Јасна.

„Не можам да кажам дека сме се забавувале или дека сме биле во врска. Тоа е посебен однос кој и денес трае. Тоа сè уште е љубов која не можете да ја помилувате или да ја држите за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј“, додаде глумицата.

Facebook

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот