Здравје во чинијата: Њоки од палента кои веднаш ќе ви дадат сила (РЕЦЕПТ)

профимедиа

Пробајте го овој евтин, а одличен рецепт за њоки на малку поинаков начин.

Состојки:

– 400 грама палента
– 1/2 лажичка сол
– 4 големи лажици масло
– 8 дл вода
– јајце
– 150 грама пченкарно или обично остро брашно

Подготовка:

– Во водата додадете сол и масло и чекајте да зоврие.
– Додадете палента и варете ја според упатството од пакувањето со непрекинато мешање.
– Кога се ќе се соедини, оставете ја уште една минута на оган, па тргнете ја малку да се олади.
– Измаметете јајце и постепено додавајте го во брашното.
– Замесете меко тесто на набрашнета подлога.
– Поделете го на четири дела и обликувајте ролничка со ширина од околу 3 сантиметри.
– Со нож исецкајте парчиња со дебелина од околу 1 см и со влажни раце обликувајте њоки.
– Варете ги во зовриена солена вода.
– Од моментот кога ќе испливаат на површината варете ги уште најмногу 5 минути.
– Извадете ги со лажица цедалка и послужете ги со сос по желба.
– Може да ги послужите со моцарела, павлака, обарен спанаќ, рендано сирење, стопен кашкавал и сл.

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот