Здравев: Се очекуваат опструкции, но ќе ги заштитиме професионалните судии

Обвинителството не контактираше и постапката сега веќе е во тек, информира за „Слободен печат“ претседателот на Судски совет, Киро Здравев, откако поранешната претседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова поднесе кривична пријава токму против Здравев, но и уште двајца членови на Советот за „злупотреба на службената положба“.

Според Неделкова, тие спротивно на Законот за судски совет вратиле на разгледување предмет против неа, во кој претходно била запрена постапката за разрешување.

-Воедно, од нејзина страна беше побарано од Судскиот совет, при одлучувањето за нејзиниот предмет, врз основа на кривичната пријава, да се изземат четири членови на Советот, меѓу кои и претседателот, додаде Здравев.

Прашан дали по официјалниот старт на т.н. процес на филтрација во правосудството, се зголемил притисокот од страна на јавноста, но и судиите врз работата на Судскиот совет, Здравев одговори дека некому не му одговара професионално да се извршува оваа задача.

-Наша континуирана работа е следење на работата на судиите и претседателите на судовите. Некому тоа не му одговара да го прави Судскиот совет, а ние ова го правиме во интерес на сите оние судии кои совесно и професионално си ја вршат судиската функција. Во јавноста се напаѓа судството генерално, а не поименично, па затоа ние треба да ги заштитиме професионалните судии, а како инаку освен доколку не поведеме постапки против нивните колеги што го оцрнуваат судството и не работат одговорно. Најнормално е да се очекуваат опструкции и од судиите, заклучи претседателот Судскиот совет, Киро Здравев.

ВИДЕО | Судијката Неделкова за Утрински брифинг: Јас сум голем трофеј – некој не сака да ме види во судскиот систем

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот