ВИДЕО | Судијката Неделкова за Утрински брифинг: Јас сум голем трофеј – некој не сака да ме види во судскиот систем

Поранешната претседателка и актуелна судијка во Врховниот суд, Лидија Неделкова, поднела кривична пријава против тројца членови на Судскиот совет. Пред Основното јавно обвинителство – Скопје, ги товари за злоупотреба на службената положба бидејќи, според неа, ја искористиле положбата да влијаат на постапката која се води против неа по поднесена претставка од сега веќе разрешениот судија Јово Вангеловски.

Се работи за една од повеќето пријави кои што Вангеловски ми ги поднесуваше пред се заради нетрпеливост околу еден случај. Во таа постапка Комисијата донесе одлука за запирање, но таа одлука не може да запре. Ова сега ќе оди кон конечниот исход, изјави во Утрински брифинг поранешната претседателка и актуелна судијка во Врховниот суд, Лидија Неделкова.

-Јас во судството сум од 1994 година. Реформите јас ги предводев. Мислам дека се работи за политички притисок, бидејќи зошто токму сега кога се прави реформа од страна на министерството за правда каква врска има мојата постапка која е од 1.04.2019. Но јас сум голем „трофеј“. Некој не сака да ме види во судскиот систем. Кога не можат да влијаат врз вас не им требате во судскиот систем, вели Неделкова.

Говорејќи околу судските реформи Неделкова смета дека целата операција започнала со непотребни квалификации.

– Не може за судиите да велите дека ќе ги прочистите. Тоа е несоодветен израз. Секој ден контактирам со судиите и сите се плашат, рече Неделкова.

Точно е дека е изгубен авторитетот на судството во јавноста. Но ние судиме утврдено со закон. Угледот не се враќа со масовно разрешување. Околу програмата за стари предмети, вчера добив во распоред да работам предмет од 2017 година, за судење во разумен рок, кој го работеле 4 судии, и сега јас треба да го решам и утре Судски совет да ми рече, ти четири години не си го решила, сега ќе те разрешиме. Затоа апелирам на едно внимание, на еден сериозен пристап, смета Неделкова.

Судството мора да биде независно, изолирано од политички влијанија. Од поднесените кривични пријави, јас можам кратко да кажам само дека очекувам правда. Да беше работата сериозна јас сама ќе си дадев оставка, вели Неделкова.

Целиот разговор погледенте го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот