Зборникот на научни трудови „Уште едно навраќање кон Конески“ го заокружи јубилејот на великанот

Годината на Блаже Конески, што во текот на 2021 се одбележуваше низ целата држава, во Струмица беше заокружена со промоција на зборникот на научни трудови „Уште едно навраќање кон Конески“. Зборникот и неговата промоција беа дел и од програмата „Струмица – Град на културата за 2021 година“.

Приредувачи на зборникот се проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ и Свето Стаменов, а рецензенти и промотори беа проф. д-р Људмил Спасов и проф. д-р Димитар Пандев. Во зборникот на околу 500 страници се поместени 44 труда на професори, научници од земјата и надвор од неа.

„Причината за објавување на зборникот не е само јубилејот на нашиот Блаже Конески – 100 години од неговото раѓање, туку таа е повеќезначна: да се афирмира делото на Конески; да се покаже како оние што пишувале за Конески го восприемаат неговото дело; да се покаже тематската разновидност и сето богатство на делото на Конески; да се покаже дека делото на Конески е еден од основните столбови на современата македонска култура…

Овој зборник има уште една важна задача: да ги подучува помладите за Конески и да ги воспитува на родољубие за да ја ценат и да ја сакаат македонската култура. Затоа многу треба да го цениме потфатот на Општина Струмица и на нејзиниот градоначалник, Костадин Костадинов, за ова издание да ја здогледа светлината на денот“, потенцира промоторот проф. д-р Људмил Спасов.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 112, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 15-16 јануари 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот