Збогум Билбо Багинс – Почина славниот британски актер Иан Холм

FOTO:EPA

Актерот Иан Холм, познат по улогата на Билбo Багинс во „Господарот на прстените“ почина на 89 годишна возраст.

Веста за смртта ја потврди неговиот агент за „The Guardian“.

„Со голема тага соопштуваме дека почина Сер Иан Холм. Тој почина спокојно, во болница опкружен со семејството и пријателите“, изјави агентот и додаде дека тој боледувал од Паркинсоновата болест.

Иан Холм во „Господар на прсетните“/IMDB

„Шармантен, љубезен и неверојатно талентиран, многу ќе ни недостасува“, заклучи тој.

Холм, кој театарот го напушти во 1976 година, освои БАФТА и беше номиниран и за Оскар, и тоа за улогата на Сем Мусабини во филмот „Огнени кочии“ во 1981 година. Во текот на кариерата освои и бројни други престижни филмски и театарски награди, но подоцна театарот го напушти поради стравот од настап пред поголема пулика со кој не можеше да се справи.

Иан Холм во „Петтиот елемент“ со Мила Јовович и Брус Вилис

Постарите генерации го паметат од култните филмски улоги во „Бразил“, „Осмиот патник“ и „Петтиот елемент“. Неговата последна улога беше Билбо Багинс во трилогиите „Господар на прстените“ и „Хобит“.

EPA/DANIEL DEME

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот