Заврши зимскиот распуст, учениците се враќаат во училишните клупи
За учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава денеска почнува второто полугодие.
Препорачано
Министерката за образование и наука Весна Јаневска во објава на Фејсбук им посака успех на сите ученици во претстојното полугодие.
-Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник! – се вели во објавата на Јаневска.
Министерката минатата недела изјави дека според изјавите од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје нема да има пречки за да почне новата учебна година, поради ситуацијата со грипот.
Таа апелираше до родителите, до учениците, да бидат редовни во училиштето и што е можно поретко да изостануваат затоа што сите испитувања и во Македонија и секаде во светот велат дека учениците што редовни ги посетуваат училиштата постигнуваат подобри резултати.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
22мин
-
42мин
-
55мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


