Заврши реконструкцијата: Пуштен во сообраќај булеварот „Александар Македонски“ за влез во Скопје

Фото: skopje.gov.mk

За само 30 дена со забрзана динамика на реализација на градежните активности, реконструиран e булеварот„ Александар Македонски“ во насока кон влезот на Скопје во должина од околу 5,3 километри и од вчера е пуштен во сообраќај.

– Источниот влез на Скопје од денеска е целосно обновен и функционира без сообраќајни гужви и метеж, а сообраќајот во овој дел од градот е нормализиран. За потсетување е дека оваа делница од булеварот беше во очајна состојба и не беше реконструирана 40-ина години, информираа од Град Скопје.

Градежните активности за реконструкција на булеварот продолжуваат во правец кон излезот на Скопје, исто така, во должина од 5,3 километри.

– Значајно е да се нагласи дека Градот Скопје за првпат ќе изврши експропријација на земјиште за изградба на велосипедска патека на овој булевар што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните од Ченто и Маџари со остатокот од градот, потсетуваат од Градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот