Полиција во Србија/Фото: Скриншот

Затворен е системот „Пронајди ме“: Пронајдени се исчезнатите тинејџери од Нови Сад

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека вечерва е пронајдено 15-годишно девојче Дуња Нециќ од Нови Сад, чие исчезнување беше пријавено на 29 април, објавија српските медиуми.

Според соопштението, таа е пронајдена во друштво на 15-годишно момче чие исчезнување беше пријавено и во Нови Сад истиот ден.

Според српските медиуми, девојчето е пронајдено во воз на релација Белград-Петроварадин.

Двајцата се во добра состојба и понатамошната полициска работа е во тек.

Системот „Пронајди ме“ за итно јавно известување во случај на исчезнати деца беше активиран денеска околу 17 часот поради исчезнувањето на девојчето, а системот беше затворен околу 22 часот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот