ФОТО | „Заслужуваш многу повеќе“: Адријан Гаџа ѝ подари автомобил од 20 000 евра на мајка му
Познатиот пејач, текстописец и продуцент Адријан Гаџа пред повеќе од 10 години ги полнеше дискотеките и кафулињата во нашата земја и соседството кога тој имате настапи заедно со бројни познати имиња од нашата музичка сцена.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
View this post on Instagram
Меѓутоа работите се сменија. Адријан реши да се повлече од музичката сцена и да се посвети на нешто сосема друго, поточно да ја продолжи семејната традиција, угостителството каде одлично се снаоѓа.
View this post on Instagram
Пејачот е плод на љубовта на неговите родители, татко Албанец и мајка Македонка кои порано биле сопственици на популарно скопско кафуле. Таа традиција под исто име сега ја продолжува и нивниот син.
View this post on Instagram
Ако го споредите Адријан пред 10 години и сега, речиси да не можете да забележите некоја голема промена во неговиот физички изглед. Гаџа изгледа подобро од било кога, а покрај новиот биснис музиката останува негова прва љубов.
Пејачот во физичкиот изглед многу потсетува на неговата мајка Сузана која од своите синови доби луксузен подарок. Адријан и неговиот брат Дритон Гаџа на нивната мајка и подарија џип.
Пејачот објави фотографија на социјалните мрежи и откри дека тој и неговиот брат виолинистот Дритон заедно го купиле подарокот за нивната мајка, Сузана.
„Еден подарок од твоите синови, мамо, заслужуваш многу повеќе од она што можеме да ти дадеме“, напиша Гаџа.


