Засадени нови 60 ореви во Карпош

Комуналните служби на Општина Карпош денеска засадија 60 ореви во дворовите на повеќе градинки и основни училишта. Според општинските власти, со садењето на овие висококвалитетни дрвја уште повеќе се зголемува меѓублоковското зеленило.

Од Општината информираат дека со оваа акција беа опфатени градинките „Мајски цвет” – Тафталиџе 2, како и два објекта на градинката „Пролет” – во Козле и Влае 1. Од основните училишта, нови дрвја беа засадени во дворовите на „Петар Поп Арсов” – Карпош 4, „Аврам Писевски” – Бардовци и „Братство” – Тафталиџе 2.

Засадувањето на овие ореви е во рамки на акцијата за садење на 300 ореви во Карпош. Садниците се донација од Факултетот за земјоделство и храна, а се садат во повеќе фази, согласно временските услови.

– Локалната самоуправа и во претстојниот период продолжува со зголемување на зеленилото во сите населби. За 2021 година, одвоени се буџетски средства во висина од шест милиони денари за садење на нови дрвја, тревни површини и поставување на системи за наводнување, се наведува во соопштението на Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот