Зариф: Жалбата на Канада за урнатиот патнички авион нема правна основа

Жалбата на Канада за украинскиот патнички авион, што по грешка беше соборен од иранската Револуционерна гарда во јануари, нема правна основа, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

Зариф истакна дека потезите на Иран се темелат на меѓународните права.

Иран го отфрли барањето на канадскиот премиер Џастин Трудо да се испрати црната кутија од авионот на декодирање.

Во авионот што беше соборен, од 176 загинати патници, 57 беа канадски државјани.

Адвокатите на Канада кои го тужеа Иран бараат оштета во име на државата од најмалку 1,1 милијарда долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот