Започнува изградба на дел од патот Горни Дисан-Вешје

Автопат илустрација /Фото: МИА

Започнува изградба на дел од патот Горни  Дисан-Вешје, информираше неготинскиот градоначалник Тони Делков.

– По спроведувањето на постапката со објавување оглас за доделување договор за јавна набавка, изборот на најповолен понудувач и склучувањето на договорот помеѓу општина Неготино и фирмата изведувач на работите „Градба промет”, извршен е вовед во работа за изградба на патен правец Горни Дисан-Вешје во должина од 787 метри, соопшти Делков.

Вкупната вредност на проектот изнесува 22.421.888 денари.

– Изведувачот на работите е должен да отпочне со извршувањето на работите во предходно определен рок,  по издавањето на писмен налог од овластено лице од општина Неготино и има обврска работите  да ги заврши во рок од 150 дена, појасни градоначалникот.

За надзор на овој проект е одредена фирмата „МГ ПРОЕКТ” ДООЕЛ – Скопје, согласно годишниот договор за вршење на надзор при изведба на инвестицииски објекти и други градежни активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот