Започнува „Бела недела“: Подготовка за Велигденскиот пост и духовна обновa
Денеска започнува „Бела недела“, последниот подготвителен период пред Велигденскиот пост. Оваа недела, која секогаш е една недела пред почетокот на Велигденските пости, е време за духовно и физичко чистење, како и за подготовка на верниците за најголемиот христијански празник, Велигден, кој оваа година ќе се слави на 12 април.
Препорачано

„Бела недела“ или месопусна недела, како што се нарекува, трае седум дена и е позната по тоа што верниците можат да се опуштат и да се подготват за строгото воздржување кое ги чека во Великиот пост. Во текот на оваа недела, дозволени се млечни производи и јајца, дури и на среда и петок, кои вообичаено се посни денови. Сепак, месо не се јаде, а дозволено е само во недела, на последниот ден на неделата, како и на самиот Велигден.

Овој период е време кога многумина го користат за последен пат да уживаат во омилените храни и да се обградат со најблиските, пред да започне строгата дисциплина на Великиот пост. Но, „Бела недела“ не е само физичка подготовка, туку и духовна. На последниот ден од овој период, кој се нарекува Прочка, верниците се молат меѓусебно за прошка, подготвувајќи се да влезат во Великиот пост со чисто срце и духовна спремност.
Иако оваа недела е помалку строгa во однос на исхраната, нејзиното значење е во тоа што верниците ќе започнат нов пат на духовно прочистување и подготовка за најважниот празник на христијанството, Велигден.


