Започна вакцинацијата на наставниците од Карпош

вакцинација против ковид
Вакцинација против ковид. / Фото Архива на Слободен печат

Од Општина Карпош соопштија дека денеска започнала имунизацијата на наставниот кадар од основните училишта во општина Карпош.

– Во претстојните осум денови, ќе се врши вакцинација на наставниците кои одржуваат настава со физичко присуство, имајќи предвид дека се во постојан контакт со децата од I до III одделение, додадоа од Општината.

Од Општина Карпош истакнаа дека интересот за вакцинација на просветните работници од сите 10 основни училишта во Карпош е голем, бидејќи преку нејзина примена се очекува враќање на образовниот процес во нормален тек.

Александра Петковска, Елена Масторидис и Ирена Грегориќ се меѓу првите наставнички кои попладнево примија вакцина во вакциналниот пункт во А1 Арената – С.Ц. „Борис Трајковски”.

– На овој начин, силно верувам дека ќе почне образованието да се враќа во нормала. Спроведуваме настава во исклучителни услови, а и учениците навистина се наша голема поддршка и ни држат „лекција” за трпение, одговорност и посветеност, рече Александра Петковска од ООУ „Петар Поп Арсов.

Наставничките Масторидис и Грегориќ ја посочија и добрата организација на целиот процес за имунизација и љубезноста на волонтерите и здравствените работници.

Сите се согласни дека единствено со имунизација на населението, ќе успееме да го вратиме повторно детскиот џагор по училишните ходници, а знаењето и смеата повторно да бидат присутни на часовите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот