Започна 22. издание на Моден Викенд Скопје: Kреации на големи попусти од петнаесетмината македонски дизајнери и странски брендови

Синоќа беше свечено отворена новата сезона на најкултното модно случување во градот. Пред многубројните новинари, јавни личности и љубители на убавиот дизајн во Јавна Соба, своите колекции ги прикажаа како познати имиња од домашната сцена, така и млади таленти за кои допрва ќе се слушне.

Дваесет и второто издание на настанот претставува заедничка соработка меѓу тимот на Моден Викенд Скопје и тандемот од агенцијата ONLYAFEW, со една и единствена цел – да им пружи максимална поддршка на креативните дејци во моментот, со внимателна селекција на учесници кои следат еколошки, занаетчиски и етички пристап во работата, позитивно влијаејќи на свеста на заедницата.

Детали од бекстејџ

Во рамки на тридневниот поп-ап шоурум „Свесна Мода“, публиката сè уште има единствена прилика да го посети изложбено-продажниот салон во Јавна Соба и да си купи уникатни креации на големи попусти од петнаесетмината македонски дизајнери и странски брендови, чиишто колеции се достапни по максимално поволни цени.

На програмата се и арт инсталација од Цветна Фабрика и MG Art, изложба на студентите од академијата за моден дизајн при школата Џолев и Уметностите, едукативно предавање од Модна Револуција, музички перформанс на Јон Бела и гурмански веге задоволства. Петок (02.10) и сабота (03.10) влезот е слободен и за сите заинтересирани посетители од 10 до 22 часот.

Evgenija Zafirovska (капут), Terziya (монокини)

Очекувајќи ги сите изненадувања што ни претстојат овие два дена, екслузивно ви го презентираме едиторијалот изработен непосредно пред настанот во копродукција со магазинот Скала. Заштитно лице е прекрасната Дрита Абдиу од агенцијата Подиум, а деби пред објективот има и младиот Кристијан Вржалковски. Автор на фотографиите е Антонио Станков под креативна палка на Дејан Џолев. Кристина Илиевска ги склопи комбинациите со микс на облека и аксесоари од понудата на шоурмот.

Meleem (маица), Minnimal (палто), Pssbl (чанта), Irina Tosheva (панталони), Kotev Ksenija (накит)
Seddum (фустан)

Доколку сте во недоумица со што да се подновите оваа есен, можеби баш овде и сега ќе го пронајдете вашиот фаворит. За уште повеќе оригинални парчиња, не заборавајте да го посетите шоурумот деновиве. Направете добар избор со трајна вредност.

Инаку, за време на настанот се применуваат сите мерки и препораки за заштита и превенција од КОВИД-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот