Запленети лекови без бандероли, скриени во бункери во две аптеки во Приштина

Архива на СП

Фармацевтскиот инспектор на Министерството за здравство во Косово открил големо количество лекови без бандероли за кои постои сомневање дека се шверцувани. Според соопштението до медиумите, „дрогата“ била скриена во специјален бункер“.

Полициските истражители и Фармацевтскиот инспекторат проверија седум аптеки во главниот град. При оваа акција, по откривањето била известена и косовската царина која им се придружила на екипите од институциите вклучени во оваа акција.

„Полициските тимови, фармацевтските инспектори и тимовите од царина извршија пребројување на видот на лекови при што се покажа дека се запленети 598 видови производи, додека количината на лекови во еден производ е најголема, се наведува во извештајот.

Двајцата сопственици на аптеките биле приведени во полиција и се задржани во притвор до 48 часа. Против нив е поведена постапка за кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни медицински производи“ и „забранета трговија“. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот