Запален автомобилот на пратеникот Ристески, Ковачки обвини: Кукавички чин зад кој стојат платеници инспирирани од СДСМ

Запален автомобилот на пратеникот Петар Ристески/Фото: Фејсбук

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки со објава на Фесјбук информира дека ноќеска е запален автомобилот на неговиот колега Петар Ристески од Прилеп, кој пред неколку дена јавно кажа дека нема да гласа за промена на Уставот.

Кукавички чин позади кој сум убеден дека стојат платеници инспирирани од  предавничкото раководство на СДСМ. Платеници се затоа што нема нормален и здрав Македонец, кој поради верба во нешто, освен за добра сума на пари би направил таков чин на насилство против пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Дома, пред жена, деца, родители…СДСМ, мафијата има повеќе достоинство од вас. Вие сте гнаси. Ова е напад на пратеник и ова е сериозен удар и назадување во демократијата, напиша Ковачки.

Тој нагласи дека после насилството во Собранието „со фрлање живото-загрозувачки предмети кон колеги, и ова ќе влезе во извештајот за напредокот кон ЕУ“.

Со демонстрирањето на немоќта, СДСМ и’ прави штета на Македонија. Знаеме дека им се брза, оти тоа што го ветија не може да го реализираат. Не МВР, не служби, знаеме дека ќе вклучат се’ за реализација на предавството. Знаеме дека се додворуваат и дека ветуваат се’ само за да ги остават некој месец плус на власт. Попусто. СДСМ, залудни ви се обидите. Ниту ќе исплашите некој, ниту ќе го разубедите во вашите сценарија против Македонците, пишува Ковачки.

Тој потсетува дека пред околу 10-тина месеци, во екот на кампањата за локални избори, на јавноста и’ презентирале вибер – комуникација помеѓу припадници на МВР  чија задача „била да врши насилство и закани кон членови и симпатизери на опозицијата“.

Ковачки јавно го праша министерот Спасовски, кои полициски службеници ќе го истражуваат овој настан и како ќе заврши?

Тие што ги наградувате или можеби ќе го пратите советникот за дрогата да ја координира акцијата? Ковачевски и Спасовски, ги преминавте границите на пристојноста. Ова вака нема да остане. Порано или подоцна, сите сметки ќе мора да се подмират, смета Ковачки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот