Занеме од шок: Станија и Кристијан Голубовиќ очи во очи по четири години! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

По дури четири години, Станија Добројевиќ и Кристијан Голубовиќ, кој пред неколку дена излезе од затвор, се сретнаа вчера во емисијата „Амиџиќ Шоу“.

Додека рекламираше измислен производ, што е една од игрите во емисијата, Станија не знаеше дека позади неа стои нејзиниот поранешен пријател Кристијан, со кого беше на „Фарма“ во 2016 година, а потоа жестоко завојуваа и со години не разговараа.

Она што е особено интересно е тоа што Станија не знаела дека ќе го види Кристијан, но и тој не знаел дека таа ќе биде во студио.

Фото: Инстаграм

Штом завршила со играта, се заврте и се шокираше кога го виде Кристијан Голубовиќ. Иако се трудеше да остане смирена и да не покажува дека е изненадена, реакциајта и беше забележителна.

Кристијан како и секогаш се однесуваше џентламентски и професионално, па и на Станија и на Кија Коцкар која исто така беше гостинка им ги бакна рацете. Подоцна, за време на емисијата додека се присетуваше на првото испиено кафе кое на „Фарма“ му го подготви Станија, ја нарече „малечка“.

Фото: Инстаграм

На прашањето дали се во доби односи, Станија не се снајде најдобро, па го нарече поранешен „ријалити“ пријател, а Кристјан за разлика од неа кажа дека се е во ред и после толку долго време.

Погледнете како изгледаше тоа:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот