Борче Марковски / Фото: Апла.мк

Замрзнат имотот на Марковски – товарни возила и сеф во Белград, сметки во Македонија, станови и земјиште во Скопје

По барање на Обвинителството замрзнат е имотот на бизнисменот и конзул во Белорусија Борче Марковски сопственик на компанијата „Марковски компани“ која ги добиваше најголемите тендери од ЕСМ и РЕК Битола, а е осомничен за злоупотреби во РЕК Битола, соопшти Јавното обвинителство.

Битолското обвинителство преку Канцеларија за поврат на имот упатила итно барање до надлежните во Србија за замрзнување на неговиот имот таму, 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со Марковски.

– Од српските органи беше побарано да му забранат на правното лице од Белград, на неговиот управител или на друго лице во нивно име да ги отуѓува, оптоварува или да располага со моторните возила за кои постои сомнение дека се набавени и претставуваат посредна имотна корист од кривичните дела за кои е отворена истрага. Дополнително, од српските власти е побарано да се обезбеди и да се отвори сеф за кој е утврдено дека осомничениот го поседува во една српска банка со цел да се провери неговата содржина. Поднесените барања се прифатени и српското обвинителство издаде наредби за замрзнување на наведениот имот – соопшти Обвинителството.

Од сметките во државава, замрзнати се околу 30 милиони денари, а Обвинителството побарало да се забрани и располагање на дополнителен движен и недвижен имот во државава – три стана во Скопје, парцела градежно неизградено земјиште и гаража стекнати во 2024 година, како и три товарни и едно патничко возило набавени во 2025 година, за кои постои сомнение дека претставуваат принос од казниво дело, односно имот кој во иднина може да е предмет на конфискација.

Марковски и уште седум лица се сомничат за местење тендер во РЕК Битлола од околу 100 милиони денари или 1,6 милиони евра од државниот буџет. Марковски прво беше во куќен притвор, но по жалба на Обвинителството тој сега е во затворски притвор.

Уапсен главниот добитник на тендери од ЕСМ, Марковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот