Замир Мехмети: Апасиев, односно „Че Гевара од Али Експрес“ е најголем губитник од политичката драма

Замир Мехмети Фејсбук
Активистот Замир Мехмети/ Фото Facebook Zamir Mehmeti

Активистот Замир Мехмети на својот Фејсбук профил напиша дека лидерот на Левица, Димитар Апасиев е најголемиот губитник од актуелната политичка драма во земјава. Тој го нарече Апасиев „Че Гевара од Али Експрес“.

„Че Гевара од али експрес ака Апасиев е најголем губитник од оваа политичка драма.“ напиша Мехмети.
Мехмети оценува дека Апасиев докажал дека е „политички потрчко на ВМРО-ДПМНЕ“.
„Човекот кој цел личен рејтинг го билдаше со антиалбански ставови се доведе до ситуација денес цел ден да моли и чека, замислете, еден пратеник Албанец за да му ја заврши работата“ додава тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот