Законот за правична застапеност ќе биде испратен до Венецијанската комисија, ќе се вработува според компетентност
Министерот за јавна администрација Горан Минчев рече дека Законот за правична застапеност денеска ќе биде разгледан на владина седница по што ќе биде испратен до Венецијанската комисија, а потоа ќе влезе во собраниска процедура.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На новинарско прашање околу вработувањата според овој закон, Минчев нагласи дека целта е вработувањата да бидат врз основа на компетентност и квалитет.
„Овој закон за правична застапеност, којшто морам да кажам дека е уставна категогија која произлегува од Охридскиот рамковен договор, го подготви група експерти во Владата. Законот денеска ќе се разгледа на владина седница и понатаму ќе биде проследен во Венецијанската комисија. Она што е важно за овој закон е дека вработувањата ќе бидат врз база на компетентност, квалитет и професионаност.
Баланерсот е укинат од Уставниот суд и затоа мотивот беше овој закон да го прават група уставни експерти. Моделот за правична застапеност ќе биде регулиран со подзаконски акти, но по претходни евентуални забелешки од Венецијанскста комисија“, изјави Минчев.
Демократската унија за интеграција остро реагираше на предложениот нацрт-закон за правична застапеност. Според партијата, законот има за цел да го замени Балансерот – правен и обврзувачки инструмент за одразување на демографската реалност во јавните институции – со нејасна, неефикасна и политички стерилна структура како што е „координативно тело“.
„Ова е обид уставната обврска да се претвори во административна фарса и да се демонтира една од најважните столбови на Охридскиот рамковен договор: правичната и еднаква застапеност на етничките заедници. За Албанците, овој закон е штетен. И нема да запреме сѐ додека Балансерот не се врати како единствен правно обврзувачки механизам за гарантирање еднаквост во администрацијата“, велат од ДУИ.
Според нив, замената на, како што го нарекуваат, прецизниот и транспарентен калкулатор со „годишни извештаи“ и „координативни тела“ кои немаат никаква надлежност да ги обврзат институциите да го почитуваат принципот на застапеност, е самото по себе политички чин што
создава неправда и институционална етничка доминација.


