Законот за буџети подготвен во консултации со Светска банка, ММФ и ЕУ

– По завршување на предвремените избори, КОВИД-19 кризата, како и потребниот период за јавни консултации, очекувањата се дека законот треба да биде донесен до крајот на 2020 година, вели од Министерството за финансии.

Предлог-законот за буџет е во процес на финализирање, согласно консултациите со Светска банка, ММФ и ЕУ, информира министерката за финансии Нина Ангеловска, по денешната четврта седница на Советот за управување со јавни финансии.

Ангеловска, информираат од нејзиниот кабинет, претседавала со седницата на Советот, кое е координативно тело на Владата за следење на спроведувањето на реформите предвидени со Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии 2018 – 2021 година.

– По завршување на предвремените избори, КОВИД-19 кризата, како и потребниот период за јавни консултации, очекувањата се дека законот треба да биде донесен до крајот на 2020 година. Со новиот Закон за буџети ќе биде регулирано воспоставувањето на фискалните правила и Фискалниот совет. Подготвен е и новиот предлог-закон за внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, кој паралелно со новиот Закон за буџети, треба да се донесе во текот на 2020 година. Со новиот закон се очекува дополнително да се зајакнат основите за спроведување на јавната внатрешна финансиска контрола низ целиот јавен сектор., се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Министерката, посочи дека во изминатиот период е подготвена и Стратегија за реформа на даночниот систем за која беше спроведена јавна консултација со заинтересираните страни. Оваа стратегија ги интегрира главните приоритети во областа на даночната политика и даночната администрација во периодот 2020-2023 година.

Паралелно со реформите во буџетот, продолжуваат реформите во системот на управување со јавните финансии преку воспоставување на нов ефикасен и интегриран информациски систем за управување со финансии во Министерството за финансии (ИФМИС).

Министерката за финансии, се вели во соопштението, посочи дека сите реформски процеси треба да продолжат и во наредниот период и истите да се рефлектираат во новиот Акциски план за 2020 година.

Буџетот за спроведување на новиот Акциски план за 2020 година е планиран на 12 милиони евра, од кои 2,3 милиони евра се од буџетот на државата, додека 9,7 милиони евра би се обезбедиле од донаторски извори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот