Захариева: Бугарија ќе протера двајца руски дипломати заради шпионажа

Официјална Софија ќе прогласи двајца руски дипломати обвинети за непожелни заради шпионажа, соопшти бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

Писмо од јавниот обвинител, со информации за граѓани кои шпионирале на бугарска територија е примено денеска во Министерството за надворешни работи, јави БГНЕС. Обвинителите соопштија дека Русите биле вклучени во шпионажа, но дека поради дипломатскиот имунитет не може да им се суди.

– Го добивме писмото со обвиненија. Ќе преземеме акции кои сме обврзани да ги преземеме и веројатно ќе ги прогласиме за „персона нон грата”, вели Захариева, дополнувајќи дека во текот на денот на разговор ќе биде повикан рускиот амбасадор во Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот