калуѓерка фото: EPA/RICCARDO ANTIMIANI

Загреб: Калуѓерка се избола со нож, во полиција лажела дека ја нападнале на улица

Хрватската полиција соопшти дека калуѓерката која тврдеше дека е нападната од непознат маж на улица, лажно го пријавила нападот. По кривичната истрага, утврдено е дека 35-годишната жена се повредила со нож што претходно го купила во продавница во Загреб, објави Индекс.хр.

Полициската управа во Загреб потсетува дека јавноста беше информирана во петокот за повредата на жената, поради што е покрената обемна кривична истрага. Веднаш по пријавата, полициските службеници испрашале неколку лица и презеле низа мерки за да ги утврдат сите околности.

Вчера, денот откако беше отпуштена од болница, 35-годишната жена поднесе кривична пријава до полицијата тврдејќи дека е повредена од непознат сторител кој ѝ се приближил на улица и ја избодел со нож. По прегледот во болницата, биле констатирани полесни повреди.

Во текот на понатамошната работа, полицијата добила информации кои укажуваат на можна лажност на пријавата. Интензивните проверки откриле дека жената лажно пријавила кривично дело со цел да ја доведе во заблуда полицијата. Затоа, полицијата ќе поднесе кривична пријава против 35-годишната калуѓерка до надлежното Општинско државно обвинителство поради сомнение за кривично дело лажно пријавување.

Според изворите, калуѓерката им кажа на лекарите дека е повредена на улицата Иван Мажураниќ, но не била сигурна дали тоа се случило кај куќата со број 68 или 86.

Таа тврдеше дека шетала низ градот и дека непознато лице ја избодело со нож. Таа увери дека лицето се обидело да ја избоде вкупно три пати.

Подоцна на социјалните мрежи се проширила информација дека калуѓерката била нападната од странски работник или од мигрант со извици „Алах  акбар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот