Заев: Се повеќе граѓани се пријавуваат за попишувачи

Зоран Заев/Фото: МИА

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека со наближувањето на 5 септември, денот на почетокот на пописот, се повеќе се пополнува бројот на попишувачи, посебно во оние региони каде што претходно фалеа попишувачи.

„Ја користам приликата уште еднаш да апелирам до граѓаните да се пријават – едноставно е само треба да се пријаваат на веб-страницата на Заводот за статистика. Важно е заради тоа што ова е операција што се спроведува во нашата земја после 20 години“ рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој потсети дека пописот требаше да се реализира  во април годинава, но поради барање на опозицијата, тој беше одложен за септември.

„Ја молев опозиција да биде на крајот на мај или барем на почетокот на јуни, но најголемата опозициска партија побара лидерска средба со барање за одложување на пописот за септември. Ако  се вратиме наназад ќе видиме дека тогаш имавме меѓу четири и 50 заразени граѓани. Им рековме никој не знаеме во септември што ќе се случи, еве го септември доаѓа, на врата ни е, бројките се над илјада“ додаде Заев.

Кога беше прашан дали стигнаа фингер принт апаратите и дали Државната изборна комисија е подготвена за претстојните локални избори, премиерот им укажа на медиумите да се обратат до претседателот на ДИК за да ги добијат податоците.

„Знам дека е избрана фирма, знам дека се завршени постапките, ама не ги знам деталите за комплетната подготвеност за да се спроведат изборите на 17 и на 31 октомври“ исткна Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот