Заев: Се изгоревме со поддршката на некои кандидати на ДУИ

Тој истакна дека коалицијата со ДУИ после парламентарните избори во 2016 година била нужност поради освоените мандати, но, како што рече, нема да биде така после претстојните избори.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека жали за поддршката што му ја дале на градоначалникот на Струга од редовите на ДУИ Размир Мерко.

– Еве зошто жалам. Едноставно е. Може градоначалникот на Охрид да постапува, тоа не е така пријатна надлежност на општините, во Струга не се постапува. Јас сум пријател со градоначалниците, соработував како премиер, помогнавме со 50 милиони евра, со илјадници проекти насекаде, тоа е заедничка наша земја и така треба да се развиваат општините. Но, заедно треба да ги преземаме и обврските. Успеавме со Беса да изградиме програма, заедничко концепт во кој веруваме. Концепт на реформи, на економијата, на кревање на стандардот, европеизацијата низ поглавјата – рече Заев.

Тој истакна дека коалицијата со ДУИ после парламентарните избори во 2016 година била нужност поради освоените мандати, но, како што рече, нема да биде така после претстојните избори.

– Четириесет и девет пратеници добивме после бомбите, после откривањето на целиот криминал и запустеност во државата и опција освен со ДУИ да се направи мнозинство немаше, другите партии беа со 5, 3, 2 пратеници… Веќе нема како резултатите да не упатат на коалиција со ДУИ, зашто веќе ДУИ и најголемиот нивни опонент – Алијанса за Албанците со Алтерантива, се блиску со маданти. Дури и да има разлика од 2-3 плус минус мандати меѓу нив, тогаш ни даваат опција да избираме – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот