Заев најави стопроцентно затворање на каменоломите во Лабуништа

Со одлука на Влада дадовме дополнително овластување на министерот за економија Крешник Бектеши за еднострано раскинување на договорите се со конечна цел да бидат до крај, стопроцентно затворени каменоломите во Лабуништа.

Ова денеска го соопшти премиерот Зоран Заев, одговорајќи на пратеничко прашање од Лилјана Поповска од ДОМ за каменоломите во Струшко.

Премиерот посочи дека се работи за важно прашање за сите нас, особено за жителите на струшкиот регион и Лабуништа. Заев рече дека многу долго време се дискутирало и се актуелизирало со цел да се реши овој проблем. Информира дека досега разговарал и одржал неколку состаноци со министерот за екомонија Крешник Бектеши и еден многу важен на иницијатива на партеникот Алија Камбероски, со жителите и со здруженијата.

– Резултатот досега е успешен, но не до крај заради тоа што три-четири каменоломи се отстранети, еден-два треба да се дозавршат. Вчера му дадовме дополнително овластување на министерот за економија за едностран раскин. Тоа го правиме низ разговор, не насилнички, рече Заев.

Изрази благодарност до граѓаните што низ разговори тие го изразија своето право на протест, ја алармираа јавноста, не само во струшкиот регион, туку во цела држава, ги алармираа и институциите.

-Ова овластување што го доби со одлука на Влада, е согласно законот, измените на законите кои се случуваат за да може низ разговори конечно да се решат и тие, еден или два каменолома што се останати и да нема повеќе проблеми. Верувам дека на ист начин, како што е решено и со претходните, и со овие што останаа ќе биде решено трајно, согласно нашите законски позитивни прописи, право на користење песок, на чакал…, тоа постои насекаде, рече Заев.

Алармирам, како што рече, до институциите во идното издавање да водат грижа за сите аспекти.

– Во идното издавање ќе внимаваме на локацијата, каков вид на други последици може тоа да предизвика, дали законот сето тоа го има предвид, ако го нема дали можеме да ги уредиме со подзаконски акти, или со измени и дополнувања…, да го дебатираме, рече Заев.

Премиерот потенцира дека најважни се граѓаните и нивното здравје и изрази задоволство што на ваков начин се изнаоѓа решение за затворање на сите каменоломи. Најави дека многу брзо ќе соопштат дека сите каменолми се затворени, дури и оние кои во моментов не се формално затворени и работат по некој пат, веројатно стравувајќи дека ќе дојдат инспекциите… 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот