Заев на откривањето на вечното почивалиште на Тоше Проески: Нека ни е вековит споменот за ангелот македонски

Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше во Крушево на откривањето на спомен обележјето на Тоше Проески.

„Од денеска натаму имаме вечно почивалиште и спомен дом достојни за големината на Тоше Проески.

Тоше никогаш ниту физички, ниту духовно не го напушти Крушево. Таа негова присутност е силна и денеска и духот од песните и споменот на Тоше денеска се дел од препознатливата иконографија за Крушево, полно со историски знаменитости и современи атракции кои го направија градот важна и посакувана дестинација во меѓународни рамки.

Наша обврска останува и понатаму достојно да му се оддолжиме за неговиот придонес со постојано сеќавање на неговите музички и хуманитарни остварувања.

Треба да сме му бескрајно благодарни, да го чуваме неговото дело и да го пренесуваме на идните поколенија, кои гордо ќе го спомнуваат и ќе ги пеат неговите песни.

Нека ни е вековит споменот за ангелот македонски.“, напиша Заев на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот