Заев ќе соопшти што ќе прави по неуспехот во ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска на пладне ќе има обраќање и прескоференција во Владата. Според најавите Заев треба да каже што ќе се случува во наредниот период во земјава на политички план откако стана извесно дека не добивме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Меѓу другите опции за кои се шпекулира дека може да се случат е и она за повлекување на Заев од премиерската функција, што се поврзува со неговите изјави дадени во неколку прилики дека ќе понесе политичка одговорност ако не добиеме датум за преговори.

Вчера коалицискиот партнер во Владата, ДУИ порача дека владата не е виновна за недобивањето на датумот за почеток на преговорите.

Политичките аналитичари исто така предупредуваат дека сега не е време за избори, бидејќи тоа ќе ја принуди владата да почне со реализација на популистички мерки кои ќе придонесат за брза регрутација на гласачи, но долгорочно нема да имаат бенефит за државата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот