Заев: Има пари во државата, ќе продолжиме да ги враќаме кај граѓаните

СДСМ и понатаму ќе продолжи да ги враќа парите кај граѓаните, вели претседателот на оваа партија Зоран Заев, во интервју за ТВ Клан Македонија.

-Како што досега покажавме дека има пари да ги платиме старите долгови, да ги покачиме платите и пензиите, ја зголемивме наплатата на даноците, има пари за лекарите, за учителите, укинавме радиодифузна такса, вративме евтина тарифа на струјата, што значи има пари, но и во иднина ќе продлжиме да ги враќаме парите кај граѓаните. И претходно покажавме дека како расте економијата, како расте БДП, парите ги враќаме. Државата постои за граѓаните. Секое враќање на парите кај граѓаните тие ги трошат и пак се кај државата, рече Заев.

Затоа, дополни, постојано велиме дека инвестираме во човекот и во неговиот капитал. Знаеме дека така ќе ја зајакнеме еконимијата, потенцираше Заев.

Претседателот Зоран Заев во интервју за Телевизија Клан истакна здравството во овој период е клучен сегмент во државата и затоа инвестициите во неговото унапредување, прдолжуваат уште повеќе.

– Цел столб во програмата на Коалицијата посветивме на темата КОВИД 19. Во услови на најтешка светска криза, покажавме како треба да се работи и како може да се создаде доверба кај граѓаните во здравствените работници и здравствениот систем. Сериозно инвестиравме во здравството во овие три години, 40 здравствени објкети реконструиравме и доопремивме, платите сериозно ги зголемивме. Секако продолжуваме и во следниот период со инвестирање во јавното здравство. Вложуваме 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега, за модернизација и современа опрема. Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал. Платите на здравствените работнции ќе ги зголемиме за вкупно 40 отсто до 2024 година, односно секоја година ќе ги зголемуваме по 10 отсто.

Претседателот Заев посочи дека со сериозниот раст на платите, се сопрел бранот на иселување на лекарите од државата, а довербата во здравствениот систем дека е се на високо ниво.

– Сериозно се зголемија платите на здравствените работници и тоа за околу 40-50 отсто споредено со претходните три години. Просечната плата на еден специјалист во 2017 била 72.000 денари,– сега таа е околу 112 000 денари, или, медицинска сестра со високо образование сега добива над 50.000 денари бруто, за разлика од 2017 година кога просечната бруто плата изнесувала нешто над 37.000 денари. И нема да застанеме тука, туку уште повеќе ќе инвестираме во здравството, затоа што тоа е исправно и чесно, заклучи Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот