Заев им ја честита наградата „Мето Јовановски“ на „свиркачите“ Лазаревски и Костовски: Вие сте гордоста на нашето општество!

Зоран Заев
Зоран Заев / Фото: Screenshot/YouTube

Премиерот Зоран Заев со објава на својот фејсбук-профил им честита на укажувачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски за добивањето на наградата „Мето Јовановски” за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Заев во објавата напиша дека нивната храброст и нивните вредности осојузени со политичкото и граѓанското мнозинство беа силен удар врз недемократските окови на режимот и, како што вели, го започнаа патот кон ослободувањето на нашето општество.

– Оваа нивна жртва ги поставува високо на пиедесталот моралот и одговорноста коишто еден граѓанин може да ги покаже. Не би можел да замислам посоодветен и позаслужен избор на луѓе за оваа награда. Ви се поклонувам, вие сте гордоста на нашето општество!, посочува Заев во објавата.

Во 2018 година, Лазаревски и Костовски ја добија наградата за слобода на говор за извонредна храброст и хероизам во алармирањето на граѓаните на Македонија за широкото распространето кршење на човековите права која ја доделува Коалицијата за заштита на укажувачи на ЈИЕ и од Европскиот центар за права на укажувачите. Со ова највисоко признание за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, денеска во Собранието на Република Северна Македонија беше одбележан Денот на човековите права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот