Заборавениот чај кој ја смирува кашлицата и ги ублажува болките во грлото

Фото: Pixexid

Во тек е сезоната на вирусни и бактериски инфекции, кои со себе носат многу непријатни нуспојави, како што се воспаленијата на грлото.

Многумина, поради болки во грлото, прво ќе побараат помош во аптека и ќе посегнат по пастили или спрејови, но бројни се и оние коишто поддржувачи на домашните методи за санирање на споменатиот здравствен проблем.

Ако сте во втората група, тогаш мора да се запознаете со сите предности на белиот слез.

Белиот или питом слез (лат. Althaea officinalis) е повеќегодишна билка од семејството на слезот која може да порасне до 150 сантиметри во висина. Латинскиот назив на билката се однесува на нејезините лековити својства.

Фото: Picryl

Белиот слез припаѓа на родот althaea, чие име доаѓа од зборовите althainein (лекување) и althos (лековито средство).

Најлековитиот дел од белиот слез е неговиот корен од кој се прави чај. Оваа напивка со векови се користи како средство за ублажување на воспаленијата во грлото, а помага и кај последиците од бронхитис и разни белодробни заболувања.

Студија од 2019 година покажала дека коренот од бел слез може да понуди брзо олеснување на симптомите поврзани со респираторните состојби. Тоа е затоа што коренот од белиот слез помага во изградувањето на заштитна обвивка што ја обложува слузокожата на устата и грлото, со што се намалува иритацијата и отокот.

Исто така, може да ги намали симптомите на сува и иритирачка кашлица.

Неговиот корен ја ослободува насобраната слуз во носот, грлото и белите дробови за полесно да се искашла.

Поради оваа причина, чајот од бел слез се препорачува како природен лек за воспаление на грлото.

Фото: Wikimedia Commons

Рецепт за чај од бел слез

Две лажици сув корен од бел слез прелијте ги со 2,5 дл млака или ладна вода.

Оставете го да отстои барем еден, идеално два часа, за да се формира доволно слуз.

Потоа, малку загрејте го чајот. По желба, можете да додадете мед.

Несакани ефекти

Коренот на белиот слез веројатно нема да предизвика нуспојави кога правилно се користи. Повеќето истражувања покажуваат дека луѓето имаат многу низок ризик од несакани реакции.

Меѓутоа, во ретки случаи, луѓето може да бидат алергични на коренот од бел слез. За да проверите дали имате алергија на кожата, можете да нанесете мала количина корен од бел слез на внатрешниот дел од лактот. Ако не се појави реакција во рок од 24 часа, може да се користи и на други делови на кожата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот