Душан Миленкоски, инструктор во пеинтбол арена „Бест“ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ЗАБАВНА ЗОНА | Миленкоски: Притисокот на пушката се подесува во однос на возраста на играчот, за играта да биде безболна

Боја, пушка, кацига, панцир и комбинезон, ова е рецептот за добра забава! Овој четврток се наоѓаме во центарот на забавата, односно во Пеинтбол Арена „Бест“!

Денешната епизода од серијалот „Забавна зона“ ќе го посветиме на една вистинска адреналинска игра, во која вашето оружје се пушките, а муниција се едни мали жолти топчиња кои штом се испукаат од пушките под притисок, исфрлаат боја. Играчите се заштитени со соодветна опрема, а целта е да не се испука боја врз противникот!

Наш соговорник во денешната епизода е Душан Миленкоски, кој е инструктор за пеинтбол во Пеинтбол Арена „Бест“. Со него разговаравме од каде е идејата да отвори вакво необично место за забава, кои се правилата на игра, дали постојат повеќе нивоа во оваа игра, која е соодветна возраст за да се учествува во оваа игра и друго.

Едно од актуелните прашања кога ќе се спомене пеинтбол е дали оваа активност предизвикува болка кај натпреварувачите. Оваа дилема ни ја разоткри инструкторот Миленкоски:

-На пушката се регулира каков да биде притисокот. Кога се работи за деца, притисокот се намалува за да го нема тој удар како кога играат возрасни, така што нема некоја опасност дека нешто може да се случи. Како што кажав, опремата што ја носат е максимално безбедна, ги надгледуваме цело време и нема никаква опасност, сме организирале безброј родендени и сѐ уште доаѓаат тука – вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот