Пеинтбол арена Бест / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ЗАБАВНА ЗОНА | Еден од играчите се криеше на дрво и противниците не можеа да го најдат 10 минути!

Нов забавен свет, креиран од двајца браќа кои се љубители на забавата. Душан Миленкоски, заедно со неговиот брат, добиле идеја да создадат свое забавно катче – пеинтбол арена „Бест“, инспирирани од пеинтбол кој го посетиле го Германија. Тука, тие со свои раце создале терен на кој се игра оваа активност.

Токму денес, во новата епизода од серијалот „Забавна зона“ ќе ја слушнеме приказната која трае веќе 13 години, а се крие зад овие скривници, кули од гуми и бункери. Пеинтболот е игра на елиминација – целта е преку пукање со боја да се елиминираат играчите од спротивниот тим. Повеќе на оваа тема ни сподели инструкторот за пеинтбол, Душан Миленкоски.

– Омилена игра на посетителите е играта елиминација. Играта трае малку подолго, кој е елиминиран чека надвор, додека да заврши играта и нема забуни помеѓу играчите во однос на тоа кој е погоден. Погодениот крева рака и излегува од теренот – сподели тој.

Инструкторот Душан е задолжен за редот и правилата во играта. Пред почетокот на играта, тој им држи кратка обука на играчите, во која ги запознава со правилата, како се користи опремата, бенефитите од заштитната опрема, од кое растојание треба да пукаат и слично.

Пеинтбол арена Бест / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Муницијата која се користи во оваа игра се всушност топчиња, кои содржат во себе боја која е составена од скроб и шеќер, на водена база, кои се еколошки и кога топчето ќе падне и нема да се распрска, самото се разградува со тек на време. Препорачлива дистанца од која треба да се пука кон противникот е 8-10 метри. Во разговорот со инструкторот Миленкоски, тој сподели дека оваа игра е безбедна и безболна:

-Пеинтболот е исклучително безбеден спорт, доколку се почитуваат правилата и безбедносните мерки. За разлика од виртуелните игри како ласертаг, пеинтболот нуди реално искуство на отворено, со вистински адреналин, тимска координација и авантура. Тоа е одличен начин да се тргнете од екраните и да доживеете нешто вистинско, забавно и безбедно! – вели инструкторот.

Пеинтбол арена Бест / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Оваа игра може да се игра и навечер и да биде одлично место за да се разладите во топлите летни денови, а можете и да се загреете трчајќи по снегот за време на зимата. Но дали играчите имаат свое омилено место за криење на теренот, ни откри инструкторот:

-Сме имале случаи каде играчите ги бараат и по 10 минути. Еден играч се имаше скриено на дрво за да не можат да забележат каде е. Тоа најчесто го прават навечер, кога е темно – вели тој.

Покрај тоа што кај нив се организираат и родендени и тим билдинзи, се издвојуваат од останатите според нивната достапност. Тие ја имаат предноста да дојдат и на одреден терен да креираат терен за играње пеинтбол.

Пеинтбол арена Бест / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Интересно за нив е, што сѐ што е создадено, секоја препрека, скривница, база на овој терен е креација на Душан и неговиот брат со кој заедно го водат пеинтбол арена „Бест“, со помош од нивниот татко.

-Според нашата иницијатива се креирани сите препреки и секој детал што го гледате на теренот е направено рачно, од нас без помош од мајстори. Сѐ што е направено, е направено со големо внимание, и поради безбедност внимававме на секој детал и препрека. Безбедноста ни е на прво место – изјави Миленкоски.

ЗАБАВНА ЗОНА | Миленкоски: Притисокот на пушката се подесува во однос на возраста на играчот, за играта да биде безболна

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот