За утре е најавен протест пред Руската амбасада против агресијата во Украина

Фото: Руска амбасада во РСМ/Фејсбук

Утре во Скопје ќе се одржи протест против руската агресија во Украина. Протестниот марш ќе започне во 12 часот кај детското игралиште зад Универзалната сала, инаку донација од руската амбасада во Скопје.

Поворката потоа ќе се упати кон Руската амбасада која се наоѓа на ул. Пиринска бр. 44, во близина на Соборниот храм, каде што ќе пристигне во 12:30 часот, најавија организаторите.

Протестот „против руските убијци и мародери“ го организира здружението „Лесја Украинка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот