Љубовта нема цена, но за совршен подарок се потребни пари навреме

Февруари и март се месеци што нè потсетуваат на најважното – љубовта, вниманието и грижата кон оние што ги сакаме и нѝ значат најмногу во животот. Празниците Свети Валентајн и 8 Март не се само датуми во календарот, туку совршен повод да им покажеме на саканите дека се важен дел од нашето секојдневие. Некогаш со збор, некогаш со гест, а често и со внимателно одбран подарок.

Иако љубовта нема цена, реалноста е дека за да изберете соодветен подарок потребни се време и пари, особено ако списокот на личности кои сакате да ги изненадите на денот на вљубените и денот на жената е подолг и ги вклучува вашиот партнер или партнерка, мајка, сестра, најдобра другарка. Во период кога секојдневните трошоци растат, а желбата да ги израдуваме блиските е искрена, брзиот кредит може да биде одлично решение.

Токму затоа, Credissimo нуди брзи и лесно достапни кредити за кои може да аплицирате онлајн и средствата да легнат на вашата сметка за само неколку минути. Постапката е едноставна, одобрувањето брзо, а може да аплицирате за суми од 6 000 до 200 000 денари. Дополнително, до крајот на февруари е достапен супер поволниот кредит со 0% камата и 0 денари административни трошоци, за позајмици до 30.000 денари и рок на отплата од три месеци.

Одговорното користење на финансиските услуги значи подобра организација и помалку стрес во празничните денови. Затоа, добрата финансиска поддршка не е луксуз, туку практично решение кое ви овозможува да добиете пари навреме за да ги реализираат своите планови и да ги изненадите саканите со подарок и внимание какви што заслужуваат.

ИДЕИ ЗА ПОДАРОЦИ ШТО НОСАТ НАСМЕВКА

Можеби некој ги доживува Свети Валентајн и 8 Март како клише, но подарокот даден од срце секогаш предизвикува искрена насмевка.

Кога веќе ви дадовме корисен совет за надминување на финансискиот предизвик, ќе се обидеме да ви помогнеме и со неколку проверени идеи за подароци кои одговараат на различни вкусови и буџети.
1. Романтично патување – викенд патување на интересна дестинација или во некој од регионалните спа центри е подарок што создава прекрасни спомени и нуди моменти за заедничко уживање со саканата личност. Можеби трошоците се поголеми, но дефинитивно вреди.
2. Накит со симболика – уникатно парче накит или елегантен часовник е совршен избор за луѓето со оригинален вкус кои ќе знаат да го ценат и да уживаат во овој подарок што се носи долго, а се памети уште подолго.
3. Ексклузивен парфем или козметички сет – класика што секогаш успева, особено ако е внимателно одбрана, според вкусот и сензибилитетот на оној за кој е наменет подарокот.
4. Смарт уред – смарт часовник, кул слушалки или нов модел мобилен телефон ќе ги израдуваат сите кои живеат брзо и не можат да си го замислат денот без новите технологии.

Каков и подарок да изберете, на крајот најважно е чувството што го споделувате и радоста што ја предизвикувате кај другиот. Подарокот е симбол што кажува „мислам на тебе“ или „ми значиш“, а токму тоа е суштината и на Свети Валентајн и на 8 Март.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот