За првпат во светот: Горила доби терапија со матични клетки за лекување на артритис

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

За првпат во светот, научниците успешно користеа терапија со матични клетки за лекување на артритис кај горила, пишува „ИФЛ Саенс“.

Лизел со 46 години, е најстарата горила во зоолошката градина во Будимпешта. Вработените од оваа зоолошка градина забележале дека во нејзината старост, таа започнала да има проблеми со движењето, секојдневно ѝ било тешко да оди на левата нога.

Сомневајќи се на артритис, зоолошката градина се здружила со научниците за матични клетки, за да ја третираат состојбата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Остеоартритисот е прогресивна болест на зглобовите, каде што ‘рскавицата што ги штити краевите на коските постепено се распаѓа и не се обновува природно во телото. Ова може да доведе до болка и тешкотии во користењето на болните зглобови.

Кај луѓето, состојбата може да биде поврзана со фактори како повреда на зглобовите или семејна историја. Како и кај нашиот приматски роднина Лизел, тоа е исто така поврзано со староста.

Тековните третмани за луѓето не можат да ја излечат штетата предизвикана од болеста, но неодамна, истражувачите почнаа да користат матични клетки за лекување на остеоартритис кај голем број животни, вклучувајќи зајаци, овци и кучиња.

Се вели дека Лизел е првата горила, третирана со мезенхимални матични клетки, тип на клетка способна да создаде голем број на различни клетки поврзани со зглобовите, вклучувајќи ги и оние што ја сочинуваат ‘рскавицата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Тимот научници ги набавил овие матични клетки од парче масно ткиво, за време на веќе планираната операција на Нјаунда, една од помладите горили во зоолошката градина.

Ткивото потоа било однесено во лабораторија каде што матичните клетки биле изолирани, прочистени и култивирани за да се создаде третман што се користел на левиот колк и коленото на Лизел.

Водачот на тимот од научници, Ендре Кис-Тот вели дека процедурата обезбедила „нова опција за третман на Лизел за да го подобри квалитетот на нејзиниот живот.“

„Сега внимателно го следиме нејзиното закрепнување, со надеж дека ќе видиме значително подобрување во нејзините движења и во употребата на нејзината нога зафатена со остеоартритис“, вели Кис-Тот.

Со оглед на тоа што некои животни во зоолошките градини живеат подолго од оние што се во дивината, истражувачите се надеваат ова ќе новитет за користење на матични клетки, за лекување на повеќе животински видови во зоолошките градини со услови поврзани со возраста.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Напредните сточарски и ветеринарни практики во модерните зоолошки градини резултираат со зголемена долговечност кај многу видови, вклучително и мајмуните“, вели Ендре Сос, водач на тимот во Зоолошката градина во Будимпешта.

Научниците велат дека нивна задача е да обезбедиме најдобра медицинска нега и најдобар квалитет на живот за овие животни, и покрај нивните состојби поврзани со возраста. Терапијата со матични клетки се надеваме дека ќе донесе нова ера и на ова поле.

Но, дали овој третман може да се користи и кај луѓето?

Тимот вклучен во терапијата со матични клетки на Лизел, сега работи на претклиничка програма за истражување со цел да се развие сличен третман за човечки пациенти со остеоартритис.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот