За прв пат по 11 години ФЕД ја намали основната каматна стапка

Федералните резерви на САД ја намалија основната каматна стапка за 0,25 отсто. Тоа се случува за прв пат од 2008 година или од почетокот на светската економска криза.

Одлуката беше донесена со 10 гласови „за” и двајца „против” на гласање на гувернери на главните банки. Одлуката беше очекувана поради очекуваниот економски раст.

Можно е до крајот на годината да има нова корекција, јавија американски медиуми. Американскиот претседател Доналд Трамп не беше согласен со одлуката на ФЕД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот