ЗА ОВИЕ МАЖИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ МАЖИТЕ: Погледнете му ги носот и ушите!

Ова е посебен водич според кој лесно можете да ги препознаете лажговците, мажите со слаб карактер кои не се добар материјал за среќен брак, напоменува авторот.

Реинхолд Геринг е автор на книгата од 1923 година „Мажи за кои не треба да се мажите – совети и опомени“ и „Девојки за кои не треба да се ожените – совети и опомени“, а еве како според него ќе ги распознаете добрите од лошите мажи.

Како знак на слаб карактер авторот го наведува големото растојание меѓу челото и подбрадокот. Високото чело е знак за природна интелигенција, а испакнатото чело, недостаток на интеликенција.

Мажите со цврст и упорен карактер кои знаат да бидат многу жестоки имаат широк и висок нос и кратка горна и нанапред испакната долна усна.

Долгиот ковчест нос означува дека мажот е склон на блудничење, а жените што се расположени за борба треба да се омажат за меланхоличен маж со бркови зашто нема да мора да талкаат по соседството бидејќи нивниот сакан цело време ќе биде со неговиот најдобар другар и потојано ќе се гоштеваат.

Лажговците можат да се препознаат по краткиот нос и разрокиот поглед, додека остриот поглед и сериозното лице откриваат замислен, често и фанатичен маж.

Авторот напоменува дека слаткиот и мил поглед често може да биде лажен.

„Обично на јазикот има мед, а во срцето отров. Тој гледа во туѓото око трн, а во своето богатство. Девојката мора будно да внимава што се крие зад милозвучните зборови, зашто тоа е стварноста на која подоцна како сопруга ќе мора да се навикне. Каењето не помага, затоа треба навреме сè добро да се разгледа и за сè добро да се размисли“, пишува Ренхолд.

Авторот напоменува и дека во карактерот на човекот важна улога има увото.

Нормалното уво означува и нормален карактер, меѓутоа ненормалната форма на увото претставува многу проблематичен карактер, додава авторот.

За брчките вели дека се олицетворение на човечката душа. Долги брчки во кои линии значат цврст карактер и благородна душа, додека кратките покажуваат слаб карактер и склоност на секакви измами.

Герлинг ги советува девојките да не се потпираат на мислењето на пријателките бидејќи тие не можат да го испитаат карактерот на мажот за кој не се заинтересирани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот