За наградата „Роман на годината“ во „трка“ се 45 романи
На својата конститутивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2025 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 45 романи.
Препорачано
Жири-комисијата, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), констатираше дека и годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело воопшто нема да биде лесен.
Комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.
Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена 27-ти пат. Признанието се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

На списокот на пристигнати книги на конкурсот за „Роман на годината“ за 2025 година се следните романи: „Александар јава на запад“, Венко Андоновски, „Три“; „Лозинка за излез од пеколот“, Јадранка Бибан, самостојно издание; „Грст афионови зрнца“, Горан Василевски; „Ноќ без враќање“, Васе Врангалоска, „Ирис Принт“, Струга; „Во зенитот на еден дневник“, Викторија Гаго, НУ „Григор Прличев“ – Охрид; „С(удба)та“, Филип Георгиевски, „Бата пресс милениум“; „Тринаесеттиот“, Лидија Димковска, „Три“; „Волкот“, Константин Дораковски, „Макавеј“; „Околу три по полноќ“, Димитрие Дурацовски, „Арс Либрис“; „Необјавен фељтон“, Владимир Илиевски, „Maкедоника литера“; „Баба Илка“, Жан Илиески, „Макавеј“; „Ќе помине и моќта“, Ирена Јурчева, „Паблишер“; „СФ – СН: (партизански роман)“, Моџо Килингтон, „Арс Ламина“; „Договорот“, Јордан Коцевски, „Антолог“; „Илина и тајните на бабин заб“, Хана Корнети, „Или -или“; „И“, Кристина Краличин, „Арс Либрис“; „Извештајот на Рената“, Кристина Краличин, ИД – Концепт консалтинг и дизајн; „73“ дена“, Иво Митев – Жиле, „Арс Либрис“; „Годината висококосна“, Маја Мојсова, „ПНВ публикации“; „Кругот дупка“, Никола Наумовски, „ПНВ публикации“; „Касадеј“, Велко Неделковски, „Матица македонска“; „Не заборавај, Ангела“, Љилјана Нелковска, самостојно издание; „Чуварите на вистината“, Елена Николова, „Збор“; „Промилите на Конзулвил: (миксан роман)“, Јордан Николов, „Паблишер“; „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“: (на почетокот беше… информацијата)“, Валентин Нешовски, „Антолог“; „Зара Зарина“, Лилјана Пандева, „ПНВ публикации“; „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“, Фросина Пармаковска, „Арс Либрис“; „Калуѓерки“, Димче Парталоски, „Бата пресс милениум“; „Потклек“, Љупчо Петрески, „Бегемот“; „Арагон“, Михајло Свидерски, „Антолог“; „Опасноста што ја љубам“, Маја Симоновска, „Читај книга“; „Сенката што ме чува“, Маја Симоновска, „Читај книга“; „Фобос: деконструиран роман“, Соња Станковска, „Или – или“; „Нашата Симка“, Благуна Стевоска, НУ Библиотека „Григор Прличев“; „Тишина што сака да викне: роман од сеќавања“, Милован Стефановски, „Ад Вербум“; „Траги врз песок: корисен водич за успех на менаџери за продажба, инспириран од врвните спортски тренери“, Бојан Стефановски, „Матица македонска“; „Неколку тишини подоцна“, Ана Стојаноска, Конгресен сервисен центар – „Полица“; „Ноќта – филм кој се чита“, Игор Трајковски Фоја, Битола, „3Д Графопром“, самостојно издание; „Три Марии: (роман -басма), Оливера Ќорвезироска, „Арс Либрис“; „Само уште еден скок“, Енис Хилми, „Светулка нова“; „Повратник со две лица“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“; „Изедначен“, Јован Ристов Џамбазоски, „Матица македонска“; „Светото светило: (роман)“, Мирче Б. Нешовски, „Менора“; „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта: (роман во раскази)“, Драгана Лукан Николоски, „Чудна шума“; и „Сѐ на овој свет“, Гордана Каракашевска, „Бата пресс милениум“.


