Милан наскоро може да добие нови газди/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

За Милан нема зима, новите инвеститори се подготвени да ги препородат „росонерите“

Екипата на Милан која по пауза од 11 години се наоѓа пред освојувањето на титулата во Серија А, наскоро  ќе добие носи сопственици кои се подготвени да го вратат тимот во врвот на европскиот фудбал.

Како што пренесува „Ил Џорнале“, американскиот инвестициски фонд „РедБирд Капитал партнерс“ е најсериозен кандидат да го купи Милан кој моментно е во сопственост на инвестицискиот фонд „Елиот“.

Понудата на „РедБирд Капитал партнерс“ е далеку подобра од таа на инвестицискиот фонд од Бахреин, „Инвесткорп“ кој пак понуди 1,18 милијарди евра за купување на Милан.

Американскиот фонд понуди 1,3 милијарди евра за купување на Милан, а е подготвен да издвои 500 милиони евра за изградба на нов стадион и згора на тоа да биде активен во летниот преоден рок. Доколку дојде до договор, актуелниот сопственик, инвестицискиот фонд „Елиот“ ќе биде остане како малцински сопственик на акции.

Инвестирањето во спорт и во спортски екипи не е непознато за „РедБирд Капитал партнерс“ кој има акции во „Фенвеј спортс груп“ кој пак е сопственик на Ливерпул и на бејзбол тимот Бостон ред сокс, а поседува акции и во францускиот тим Тулуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот