За каратистите Павлов, Костовска и Спасеновски ќе бидат целосно подмирени трошоците за ЕП во Гвадалахара

фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Карате Федерацијата на Македонија ја информира спортската јавност дека за репрезентативците Емил Павлов, Вероника Костовска и Петар Спасеновски ќе бидат целосно подмирени трошоците за престојното Европско првенство за сениори кое ќе се одржи во периодот од 22-26.03.2023 година во Гвадалахара, Шпанија, а согласно Правилникот за наградување на спортистите при КФРСМ.

На останатите спортисти ќе им бидат рефундирани средствата откако АМС ќе додели финансии за ова првенство кои веќе се побарани од страна на КФРСМ.

Токму вакви две одлуки донесе ИО на КФРСМ во текот на вчерашната седница.

– Исто така информираме дека со пренесување на делумна одлука и користење на спортистите во негативни цели се прави штета на спортистите клубовите и карате Федерацијата која континуирано е една од најуспешните федерации во Македонија! Ги повикуваме новинарите и сите останати заинтересирани следен пат да се обратат до канцеларијата на Карате Федерација на Македонија за одговор на било какви прашања како не би дошле повторно во ваква ситуација – стои во соопштението на Карате федерацијата на Македонија.

За Емил Павлов да учествува на ново ЕП треба да си плати скоро 1.000 евра, па да чека парите да му се вратат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот