За една година просечната плата во земјава пораснала за 12,3 отсто

Во јануари годинава била исплатена просечна плата во висина од 27.540 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава изнесувала 27.540 денари и во однос на истиот месец лани бележи раст од 12,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од таму велат дека ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,7 проценти), Уметност, забава и рекреација (18,1 процент) и Транспорт и складирање (16,4  проценти).

Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен во јануари годинава споредено со декември лани е регистрирано, исто така, во Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,6 проценти), Транспорт и складирање (12,9 проценти), како и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (9 проценти).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот